ПравдаСветот на работникот

Тренчевска: Мал е бројот на работодавачи што не исплаќаат додатоци за работа на празник и прекувремено

Кога се прават инспекциски надзори од страна на инспекторите на Државниот Инспекторат за труд, при констатирање на одредени неправилности од страна на работодавачите, најпрво согласно законот се издаваат решенија со опомена, во одреден рок од 7 дена. Зависно од утврдената неправилност тој рок може да биде од 7 до 30 дена, за да постапи во однос на решението коешто му е дадено од страна на инспекторот, рече директорката на Државниот Инспекторат за труд, Јована Тренчевска на новинарско прашање, на денешната прес – конференција.

„Доколку во контролниот надзор се утврди дека работодавачот, не постапил по решението на инспекторот, се дава решение со наредба, каде што рокот исто така е од 7 до 30 дена. Меѓутоа кога издаваме решение со наредба, роковите ги даваме вообичаено од 8 дена да постапи. Доколку не постапи и по решението со наредба се издаваат прекршночни наредби“, истакна Тренчевска.

Прекршочниот налог за фирмата која била казнета од страна на инспеторатот е за микро фирма до 10 вработени. Казната изнесува 200 евра за фирмата и 150 евра за одговорното лице во фирмата. Истата била казнета за неисплатена плата на еден вработен. 

Во однос на измените на Законот за работни односи за регулирање на Недела како неработен ден, Тренчевска рече дека процесот на измената е сеуште во тек, нагласувајќи дека на истата работи Министерството за труд и социјална политика, во комуникација со социјалните партнери. 

Посочи дека бидејќи сеуште не е готов предлогот, не може да каже што ќе регулира законското решение, напоменувајќи дека во законското решение ќе има посебно определно на кој начин ќе постапува Државниот Инспекторат за труд. 

Тренчевска рече дека Законот и досега ги регулирал работата за време на празник и прекувремената работа, со увид во исплатите на работниците коишто работат за државни празници и во Недела. Од исплатните листи, вели, може да се види дали им е исплатен додатокот за работа за празник или прекувремена работа.

На новинарско прашање дали се почитуваат одредбите за работа за време на празници и прекувремената работа, Тренчевска истакна дека од извештаите со кои располага Државниот инсепкторат за труд, досега во најголем број на случаи се почитува исплатата на додатокот за време на празник и прекувремена работа. Таа рече дека мал е бројот на работодавачи коишто не ги исплаќаат овие додатоци. 

Бобан Илијевски