Вести

Три работи кои ќе доминираат на пазарот на труд оваа година

Подготвил: Бобан Илијевски

Пазарот на труд интензивно се менува: навиките, начините на работење, барањата на работодавачите, но и на работниците. Оваа година, судејќи по се, ќе биде поинаква од претходната, бидејќи ќе донесе некои „јасни“ насоки поврзани со тоа во која насока ќе се движи пазарот.

Ако барате работа, сакате промена или сте работодавач, имајте ги во предвид овие 5 работи кои WEF ги издвоил како доминантни во 2023 година.

Приоритет е вработувањето на младите

Губењето на работни места поради Ковид -19 непропорционално влијаело на младите луѓе. Според неодамнешниот извештај на Меѓународната организација на труд, вработените помлади од 30 години, искусиле многу поголем процент на откази во текот на овој период, отколку постарите старосни групи. Младите се изоставени од работната сила или не успеале во потполност да се инкорпорираат во неа, поради блокадите, губењето на приходите и суштински променетите очекувања од работата.

Младите сакаат работа која е избалансирана

Тие сакаат работа која има смисла и, повеќе од претходната генерација, подготвени се да дадат отказ ако не можат да ја пронајдат. Како што е прикажано во сесијата „Тивкото откажување и смислата на работата“, младите луѓе одбиваат работни места каде не се наградувани или каде владее токсична култура. Global Shapers наведува дека многу млади луѓе кои се под стрес или се жртви на „burnout“, сакаат работа која ѝ дава приоритет на нивната благосостојба.

Младите сакаат отвореност од шефот:

Тие денес работата ја доживуваат поинаку. Во светот после пандемијата, транспарентноста е се‘, се наведува на веб страната на WEF. Вработените сакаат повеќе демократија, отворени пракси за вработување и правичен третман, како и поотворен однос со работодавачот. Исто така, сакаат да веруваат во мисијата на својата работа и подготвени се да заминат ако нивните работодавачи не ги исполнат своите обврски во поглед на одржливоста, разноликоста, еднаквоста и инклузијата.

Извор: Telegraf