ПравдаСветот на работникот

Усвоен Протоколот за превентивни мерки за сите работни места за спречување на пренесувањето на КОВИД-19

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница го усвои Протоколот за превентивни мерки за сите работни места за спречување на пренесувањето на КОВИД-19 што важат за сите работни места и за сите луѓе на работното место, како што се работодавците, раководителите, работниците, договарачите, клиентите и посетителите.

Протоколот вклучува мерки кои се однесуваат на личната хигиена и заштитна опрема, препораки за респираторната хигиена и физичкото дистанцирање во работните простории, како и редуцирање на патувања поврзани со работата, како и посебна организација кога е неопходно да се спроведат.

Протоколот за превентивни мерки за сите работни места за спречување на пренесувањето на КОВИД-19 опфаќа и препораки и мерки за редовно чистење и дезинфекција на работната средина, постојана комуникација, обука и едукација за ризици, како и постапки кога е потребно менаџирање на вработените кај кои се појавуваат симптоми што одговараат на КОВИД-19.

На оваа седница Владата го усвои и Протоколот за спроведување на проверка на способностите за спортските вештини на учениците кои имаат интерес за запишување на Државното средно училиште „Спортска академија“, со кој се опфатени препораките за подготовка и уредување на спортските терени каде што ќе се спроведува проверката на вештините, начинот на пријавување, како и текот и организацијата на селективниот тренинг.

На денешната седница Владата ја дополни Уредбата со законска сила примена на Законот за превоз во патниот сообраќај за време на вонредна состојба со која е предвидено во јавниот превоз на патници бројот на патниците во возилата да изнесува најмногу до 50% од капацитетот на возилата за кои е задолжително да бидат опремени со маски, ракавици и возилата да се дезинфицираат.