ЕкономијаМакедонија

УЈП со апел: Бензинските пумпи да ги прилагодат фискалните каси за ДДВ од 10%

Управа за јавни приходи ги повика бензинските пумпи навреме да ги прилагодат фискалните системи поради воведувањето на повластена стапка на ДДВ за горивата од 10%, која ќе важи од денеска, 24 март до 6 април.

Мерката е донесена со одлука на Владата и се однесува на трговијата на мало со моторни горива и мазива. Даночните обврзници се должни да ги усогласат фискалните каси, ценовниците и фактурирањето, за правилна пресметка и прикажување на новата стапка.

Од УЈП нагласуваат дека примената мора да биде целосно во согласност со законските прописи, а во наредниот период ќе се спроведуваат засилени контроли.

За евентуални неправилности најавени се соодветни законски мерки, а институцијата апелира до сите субјекти да постапуваат транспарентно и законито, во интерес на граѓаните и економијата.