Останато

УЈП: Завршија контролите во КАМ, нема затворен објект, под лупа и други маркети, законот мора да се почитува

Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека завршија контролите на терен во „КАМ” и ниту еден маркет не е затворен, ниту до овој момент се изречени казни кон овој даночен обврзник.

Законска обврска на УЈП е да го штити интересот на граѓаните и на државата. Во таа насока, а по пријава на граѓани и институции, УЈП почна со надворешна контрола, согласно законот за увид во состојбата со залихите на трговската стока во магацините и продавниците, со цел да се утврди фактичката состојба и да се изврши споредба со книговодствената евиденција. Со првичниот и прелиминарен увид на терен, инспекторите утврдија дека дел од малопродажните објекти, не само во погоре посочениот маркет, туку и кај некои други маркети на големите ланци, се пресметувалo пет отсто ДДВ за основните производи за храна, наведува УЈП.