Регионалниот одбор на СОНК – Кичево одржа редовна седница на која беа отворени повеќе важни прашања
Фејсбук статус на Претседателот на СОНК, Јаким Неделков:
Редовна седница на Регионалниот одбор на СОНК – Кичево.
Отворени повеќе прашања од интерес на вработените во образованието, детските градинки и културните установи.
Особен интерес предизвикаа прашањата за повисоки плати на административните работници во градинките, нови колективни договори во сите дејности што ги застапува СОНК, надминување на недоразбирањето со министерството за култура а во врска со пресметката на мартовската плата и т.н.
Вработените во основното и средното образование задоволни од мартовската плата, зголемена за поголем процент од процентот на зголемување на минималната плата.

