Вести

Што плаќате во хотел со 5 ѕвезди? Ова е точна пресметка каде заминуваат 500 евра кои ги давате за ноќ

Кога преноќувањето во хотел со пет ѕвезди чини 500 евра, поголемиот дел од гостите веруваат дека ги плаќаат „собата и појадокот“.

Меѓутоа, економијата на луксузното хотелиерство функционира поинаку – гостинот всушност финансира цел систем на „невидливи“ услуги: од десетици вработени кои и не ги гледа, преку одржување на брендот, до инфраструктурата која мора да фунцкионира беспрекорно 24 часа дневно.

Ако ви делува дека цената на луксузен хотел е „претерана“, експертите од хотелиерската индустрија би рекле дека гостинот, низ основната услуга од 500 евра по ноќевање, го гледа само врвот на сантата мраз.

Првата голема заблуда е дека лускузните хотели остваруваат најголем профит токму на скапите соби. Во реалноста, најголемиот дел од приходите одат на трошоците за вработените.

Според индустриската анализа на работењето на хотелите која ја објавила угостителската компанија „HotelData“, трошокот за работната сила секогаш е најголемата поединечна ставка во буџетот на хотелот – особено во објекти од повисоки категории, каде стандардот подразбира значајно поголем број на вработени по гостин отколку во просечните хотели.

Во хотелот со пет ѕвезди гостинот не ги гледа само рецепционерот и собарките. Зад една резервација стојат резервациски центар, рецепција која работи во смени 24/7, техничко одржување, пералници, обезбедување, вратар, welness персонал, кујна, собна услуга, хортикултура, менаџмент и често тим за односи со ВИП гости. Во луксузните хотели односот на бројот на вработени и бројот на соби е значајно поголем отколку во стандардните објекти, бидејќи „беспрекорноста“ на услугата не е случајна. Некој мора да обезбеди климата да не прави ѕвуци, пешкирот да стигне за неколку минути или собата да изгледа како во неа никој никогаш да не престојувал.

Според процените на истата анализа, работната сила соччинува помеѓу 30 и 35 % од вкупните оперативни трошоци. Тоа значи дека од 500-те евра кои гостинот ги плаќа за ноќевање, значаен дел оди токму на луѓето кои можеби никогаш нема да ги сретне.

За разлика од апартманите за издавање, каде трошокот постои во главно кога гостинот е присутен, хотелот со пет ѕвезди има високи трошоци и вон сезона, кога капацитетите делумно се пополнети. Според сметководствениот стандард USALI (Uniform System of Accounts for the Lodging Industry), хотелите имаат голем број на фиксни оперативни трошоци кои постојат без оглед на гостите. Тоа ги вклучува енергијата, одржувањето, резервациските системи, техничката служба и администрацијата. Базенот мора да биде загреан и кога никој не го користи. Климатизацијата работи непрестајно. Спа центарот мора да биде подготвен во секој момент.

Ходниците се осветлени, рецепцијата работи цела ноќ, лифтовите редовно се сервисираат, а собите се одржуваат и кога се празни. Комуналните трошоци како струјата, греењето, водата и климатизацијата често сочинуваат помеѓу шест и осум проценти од оперативниот буџет на луксузниот хотел.

Кога претстојувате во хотел кој припаѓа на познат меѓународен ланец, не ги плаќате само локацијата и ентериерот – го плаќате и името. Како што објаснува швајцарската хотелиерска школа EHL, сопствениците на хотели кои работат под големите брендови плаќаат повеќе видови на надоместоци: право на користење на името, пристап до глобалните резервациски системи, маркетинг фондови и програми за лојалност.

Според процените на консултанстката куќа HVS, вкупните трошоци на франшизата често изнесуваат помеѓу осум и 12 % од вкупниот приход на хотелот, а кај луксузните брендови може да биде и поголем. Во пракса, тоа значи дека дел од вашите 500 евра одат и на одржување на глобален систем кој овозможува хотелот во Токио, Дубаи или Париз да изгледа препознатливо и да пружа единствено ниво на услуги.

Точната распределба на трошоци зависи од земјата, локацијата, пополнетоста и типот на хотел, па универзална формула не постои. Сепак, на основа на достапните анализи може да се направи рамковна слика: значаен дел оди на плати и персонал, следуваат оперативните трошоци: енергија, пералници, одржување, хигиена, храна и дополнителен дел оди на маркетинг, резервациски платформи и дистрибуција. Кај хотелските ланци присутни се и надоместоци за бренд и програми за лојалност, а одреден дел мора да биде издвоен и за реновирање и одржување на стандардот на луксузот, па на крај доаѓа профитотот на сопственикот. Со други зборови, кога ќе платите 500 евра за ноќавање со појадок, не го плаќате само креветот, туку и целиот сложен систем кој функционира зад кулисите за да може да се оправда ознаката хотел со пет ѕвезди.

Извор: Telegraf Biznis/Kamatica