„Ќебапче за работникот, бифтек за власта“: КСС организира протест на 1 мај (ВИДЕО)
Со пораките „Е, нема правда“ и „Ќебаче за работникот, бифтек за власта“, на 1-ви мај – Меѓународен ден на трудот, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија заедно со гранските синдикати организира протест пред Владата, поради огромното незадоволство од политиките коишто ги презема.
КСС ги повикува сите работници да се приклучат на протестот кој ќе започне од пред канцелариите на синдикатот, а ќе заврши пред Владата.

Дел од барањата на КСС се:
- Достоинствена плата за сите
- Храна и превоз
- Почитување на колективните договори
- Подобри услови за работа
Во прилог можете да го погледнете видеото кое е изработено токму по повод претстојниот протест:

