- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

Агенција за администрација вработува

679views

Агенцијата за администрација (agencija za administracija) е самостоен државен орган со својство на правно лице, со права, обврски и одговорности утврдени во Законот за административните службеници. 

Мисијата на Агенцијата е да овозможи развој и одржливост на професионална и сервисно-ориентирана администрација, преку организација на постапките за селекција на кандидатите за административни службеници, спроведување на испитот за административно управување и остварување на правната заштита на административните службеници во втор степен.

Постапка за селекција на кандидати за вработување (agencija za administracija) 

Прва фаза – Административната селекција се состои од проверка на внесените податоци во пријавата за вработување со условите во јавниот оглас, приложените докази во пријавата и нивно бодување. 

Втора фаза – Испитот за административен службеник се состои од два дела: стручен дел и, делот за проверка на знаење на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски).

Трета фаза – Проверката на веродостојност на доказите ја врши Комисијата за селекција најмалку три часа пред почетокот на интервјуто. Кандидатите се должни да ги донесат на увид во оригинал, или заверен препис, сите докази прикачени електронски кон пријавата.

Во сите три фази на селекцијата, кандидатите може да освојат најмногу 100 бодови. Комисијата за селекција, од конечните ранг-листи по работни места, избира онолку најдобро рангирани кандидати со припадност на заедница, за која согласно годишниот план на институцијата се предвидени нови вработувања, колку што извршители се бараат за тоа работно место и во рок од три дена и ги предлага на институцијата.

Во рок од пет дена од конечноста на одлуката за избор, раководното лице на институцијата носи решение, односно склучува договор за вработување на неопределено време.