Државата разгледува драстични мерки поради Самсунг
Синдикатот на работниците во компанијата Самсунг електроникс се заканил дека повеќе од 40,000 членови ќе стапат во штрајк на 21 мај, доколку управата не ги прифати нивните барањата.
Преговорите помеѓу корејскиот менаџмент и синидикатот досега не донеле никаков резултат, а владата на Јужна Кореја сака по секоја цена да го избегне сценариото кое би можело да ја задрма економјата на земјата. Поради тоа сега се разгледуваат вонредни мерки кои практично би го оневозможиле штрајкот.
Премиерот на Јужна Кореја Ким Мин-сеок одржал итен состанок во неделата по повод највениот штрајк. Една од опциите кои владата ги разгледува е воведување на принудна арбитража, што автоматски би ги забранило индустриските акции како штрајковите во наредните 30 дена, пренесува Sam Mobile.
Премиерот предупредил дека само еден ден прекин на работата во фабриките на Самсунг за полупроводници би предизвикал директни загуби поголеми од 660 милиони долари. Исто така, нагласил дека дури и краткојаниот прекин на производството би можело да предизвика повеќемесечни проблеми во работењето на производствените линии, додека вкупната штета би можела да достигне десеттина милијарди долари.
Доколку владата преку министерот за труд официјално воведе итна арбитража, сите индустриски акции веднаш би биле забранети на 30 дена. Во текот на тој период Национална комисија за работни односи би го водела процесот на посредување и арбитража помеѓу двете страни. Јужна Кореја многу ретко користи вакви овластувања, што доволно зборува за тоа колку државата е загрижена за потенцијалните последици од штрајкот во Самсунг.
Кога се зборува за компании кои се „преголеми да пропаднат“, Самсунг е веројатно најважна компанија за цела Јужна Кореја. Овој технолошки гигант учествува со речиси 23 % во вкупниот извоз на земјата, додека сочинува дури 26 % од домашниот пазар на акции. Само во Јужна Кореја вработува повеќе од 120,000 луѓе.
Извор: b92.net

