- Advertisement -
ИнтервјуаМакедонијаНовостиПравдаСветот на работникот

Администрацијата ќе се намалува, кој е спремен да работи не треба да се грижи за ништо, вели Заев

Администрацијата ќе се намалува- Работник
826views

Премиерот Зоран Заев вели дека Владината политика е јасна и дека администрацијата ќе се намалува и ќе станува сѐ поуслужна кон граѓаните.

Во интервју за МИА, Заев вели дека и покрај скратените буџетски средства и рецесијата, реформите на администрацијата остануваат еден од приоритетите за Владата.

-Буџетот за 2021 година е изгласан и во него има средства за сите предвидени реформски и економски процеси. И сега треба да се одработи, многу да се работи, секој од нас да даде максимум, а тоа важи и за секој од државните службеници. И ете го реперот – кој е спремен да одработи и да биде сервис на граѓаните од кои е платен, не треба да се грижи за ништо. Се разбира, дел од администрацијата природно ќе гравитира кон бизнис-секторот, а дел ќе се пензионира согласно законските рамки. Во секој случај, владината политика е јасна – администрацијата ќе се намалува и ќе станува се поуслужна кон граѓаните – вели Заев.