Вториот Германско-македонски бизнис самит собра над 400 учесници и повеќе од 250 компании.
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека овој самит претставува додадена вредност во односите меѓу македонската и германската бизнис заедница, нагласувајќи дека Германија за нас не е само деловен партнер, туку стратешки партнер.
Директорката на АХК Северна Македонија, дел од мрежата на германските комори во светот, Антје Ванделт, изрази задоволство од големиот одѕив на посетители на самитот, посочувајќи дека тој веќе се етаблира како платформа за поврзување и зацврстување на партнерствата, но и за конкретни можности за реална економска соработка.
„Годинава се фокусираме на теми кои имаат практична примена во стопанството и индустријата. Споделивме со посетителите примери од германски, но и од македонски компании – кои се активни во сферата на производство, автоматизација, логистика, добавувачи, вештачка интелигенција и дигитални процеси“, изјави Ванделт.
Ванделт, исто така, посочи дека стопанството, не само во земјава, туку и во Германија, се соочува со одредени економски предизвици – како што се високите цени на енергијата, континуираниот раст на цените на суровините, ризиците во глобалните синџири на снабдување и проблемите во транспортната индустрија.
„Затоа е многу важно, како за домашните, така и за меѓународните инвеститори, да имаме партнер во политиката кој ќе ни понуди политичка рамка на која можеме да се потпреме и да сметаме. Прагматични решенија за сите овие предизвици, но исто така и понатаму да има интензивен и тесен дијалог меѓу стопанството и државата“, изјави Ванделт, нагласувајќи дека Германската стопанска комора и во иднина ќе остане присутна за да ја даде целосната потребна поддршка на компаниите.
Премиерот Мицкоски нагласи дека Владата „сака да се профилира како Влада којашто е секогаш во насока на поддршка на бизнисот и на додадената вредност“ и дека тие резултати се видливи многу јасно во првиот квартал од оваа година.
„Нешто што за нас претставува исклучително значајно, во услови на светски предизвици, во услови на геополитички предизвици, ние успеваме 3 и пол пати побрзо да растеме во делот на извозот отколку кај увозот и на тој начин минусот на трговската сметка, извоз-увоз, генерално во првиот квартал, споредено со првиот квартал од минатата година, е намален за некаде околу 55-56 милиони евра со исклучително поволен месец март, што само е потврда на политиките коишто ги водиме, и тоа во услови на најголемата енергетска криза којашто во последните 50 години го задеси човештвото“, изјави Мицкоски.
Германија, според Мицкоски, за нас не е само деловен партнер, туку таа е стратешки партнер.
„Германските компании вработуваат илјадници македонски граѓани, претставуваат солидна поддршка за нашата домашна македонска економија и ние како Влада ќе сториме сè што е во наша моќ да помогнеме во таа насока, да имаме уште поголема економска билатерална соработка“, изјави Мицкоски, посочувајќи дека таа во првиот квартал расте, како што расте и извозот од нашата земја кон Германија.
Според Мицкоски, ваквите Б2Б (бизнис-то-бизнис) настани се само добредојдени и како Влада континуирано ќе ги поддржуваме, бидејќи, како што рече, ваквиот начин на вмрежување може да биде само позитивен.
Вториот Германско-македонски бизнис самит е во организација на АНК Северна Македонија, дел од глобалната мрежа на германските стопански комори во странство, заедно со Македонско-Германското стопанско здружение.
Фокусот на овогодишната програма на самитот беше прашањето како Северна Македонија може поефикасно да ја искористи технолошката трансформација за зголемување на продуктивноста, поттикнување на иновациите и зајакнување на својата позиција во европските синџири на добавувачи.
Под мотото „Применетите технологии и дигитализацијата како поттик за економскиот развој на Северна Македонија“, вториот Германско-македонски бизнис самит, кој се одржа денес во Скопје, обедини околу 400 учесници, повеќе од 250 компании, како и високи претставници од деловниот сектор, политиката и институциите од Северна Македонија, Германија и регионот.