МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

АД „ЕСМ“ со народни пари плаќа казни за непочитување на судски одлуки, велат од синдикатот

Самостојниот синдикат за енергетика, рударство и индустрија – ССЕРИ дава свое видување околу падот на Македонија на листата на Трансперенси Интернешенл на 111 место.

Од ССЕРИ велат дека имле заведено судски спор до АД ЕСМ кој се однесува на попречување на синдикалното организирање и делување, за што имаат добиено правосилна пресуда која му дава работодавачот, како што цитираат од синдикатот: „Да обезбеди услови за работење и дејствување на Синдикалната организација АД ЕЛЕМ Битола, на амостојниот синдикат за енергетика, рударство и индустрија на РМ, односно да врши задршка и уплата на сметките на синдикалните подружници при синдикалната организација АД ЕЛЕМ, ССЕРИ, да му обезбеди и овозможи користење и располагање на простории за вршење на синдикални функции на тужителот“.

Според синдикатот, оваа тужба преставува доказ за попречување на плурализмот, слободоумието и слободата во самоопределувањето, но исто така преставува и доказ за злоупотреба на службена должност и овластувања на раководните лица во нашата држава.

Пресудата која е правосилна, како што велат, работодавачот, не само што не ја почитува и не постапува според неа, туку дрско и без трунка одговорност плаќа казни од народни пари за непостапување и непочитување на судска одлука и налог на извршител.

Со ваквите дејствија, велат, од страна на работодавачот се изразува непочитување на правото, правниот систем и правосудството.

„Ова е само уште една потврда за ‘заслуженото’ 111 место, на кое се наоѓаме на листата на Транспренси Интернешенал и огромниот пад на слободата на изразување и владеењето на правото во Македонија.

Бобан Илијевски