АнкетиНовостиСветот на работникот

Ако им се пружи можност, над 90 % од нив би го промениле работното место

   Време за читање 1 минута

Над 90 % од работниците би го промениле работното место доколку за тоа имаат можност, покажува новата анкета на порталот Работник спроведена на примерок од 189 испитаници.

Графикон 1 by Работник Мк

Како најголема причина за промената на работното место повеќе од половина од испитаниците ги истакнуваат ниските плати. Потоа следуваат лошите работни услови, промена на кариерата и мобингот.

Графикон 2 by Работник Мк

Во еден од одговорите коишто ги добивме од страна на нашите испитаници е наведена причина која во Македонија е актуелна веќе подолго време. Еве зошто испитаникот би го променил работното место:

Поради не професионалните последици од негативната селекција како при вработување, така и при унапредување врз етнички рамковен клуч. Невозможно е професионално работење и надградување. Чувство на угушеност, самоцензура, немотивираност. Просторните услови за работа се добри.

Во главно, сите останати одговори од страна на испитаниците на прашањето зошто би го промениле работното место се во контекст на прекршување на работничките права и лоши работни услови.

Бобан М. Илијевски

Новинар за работни односи, кариера и човечки ресурси