Ако не им ги зголемувате платите, тогаш овозможете им некои од овие седум најпосакувани бенефити

Подготвил: Бобан Илијевски

И покрај сите наслови за отпуштањата кои ги погодуваат Силиконската долина и Волстрит, многу работодавачите во новата година ќе обезбедат бенефити за своите вработени.

Пазарот на труд останал тврдоглаво силен, соочен со прогнози за рецесија и кампања од страна на Федералните резерви за подигнување на каматните стапки. Голема е конкуренцијата помеѓу малите компании во вработувањето. Повеќе од половина сопственици на мали компании во САД пријавиле вработување или обид за вработување минатиот месец. Речиси сите рекле дека примиле малку стручни или нестручни кандидати на позициите кои сакаат да ги пополнат, покажуваат податоците кои ги објавила Националната федерација за независен бизнис.

Тоа опкружување ги поттикнало работодавачите да продолжат да инвестираат во начините за привлекување и задржување на таленти. Секако, платите се од големо значење. Од минатиот ноември, тие пораснале за 6 проценти во однос на претходната година. Сепак, платите не се единствената алатка. Експертите велат дека пакетите на бенефити се еден од највредните делови од искуството на вработените и важен начин компаниите да се разликуваат.

„Денес е голема реткост да разговарате со работодавач или компанија која не почувствувала дел од брановиот ефект на флуктуацијата и неангажираноста на нивните тимови“, рекла Ејми Бакеј, основач и извршен директор на HR Nola, пишува INC.

На бенефитите не треба да се штеди

Компанијата за консалтинг и надворешни работи од Њу Орлеанс, која достигнала на листата на најдобри работни места функционира со околу 100 работодавачи кои обично имаат помалку од 500 вработени.

Иако сопствениците можат да бидат загрижени поради зауздувањето на трошоците во очи на потенцијалниот пад оваа година, професионалците од индустријата велат дека бенефитите не се нешто на што треба да се штеди – дури и ако ги намалувате плановите за вработување.

„Војната за таленти е во потполност започната“, рекол Пол Роџерс, виш претседател за национални бенефити на вработените во флоридската Brown & Brown Insurance.

Еве некои поволности кои вработените најверојатно ги сакаат, а кои се повеќе од стандардното здравствено осигурување и платеното слободно време.

Хибридно работно опкружување

За индустриите во кои работата од дома е опција, немојте да очекувате дека вработените ќе имаат волја да патуваат до канцеларија пет дена во неделата.

„Постои многу јасно очекување на пазарот дека работодавачите мораат да бидат во можност да обезбедат некој вид на хибридно работно опкружување. За поголемиот дел од вработените тоа значи два до три дена работа во канцеларија неделно“, рекол Роџерс.

Флексибилни распореди

Вработените не сакаат поголема контрола само над тоа каде работат. Тие исто така сакааат да можат да одлучуваат каде ќе работат. Пружателот на платни услуги ADP открил дека седум од десет работници сакаат поголема флексибилност кога станува збор за нивниот работен распоред, а 43 % рекле дека тоа им е важен фактор во процесот на барање на работа.

„Вработените велат дека сакаат флексибилност. Поминаа деновите кога верував дека работат кога ги гледам“, истакнала Кеси Витлок, директорка за човечки ресурси во компанијата BambooHR со седиште во Јута.

Холистички пристап кон здравјето

Традиционално за здравјето на работниците се размислувало само во смисла на здравственото осигурување, но експертите советуваат да се применува холистички пристап кон благосостојбата кој не се однесува само на физичкото здравје, туку и на менталното, однесувањето, социјалното, па дури и финансиското здравје.

„Ако охрабрувате некое лице да се појави на работа, се работи за дизајнирање на платформи за бенефити кои се обраќаат на лицето. Тоа е ново од перспектива на работодавач“, рекла Ејми Бакеј.

Ресурсите за ментално здравје се особено важен дел од таа равенка. Како дел од барањето на работа, 8 од 10 луѓе бараат работни места кои го поддржуваат менталното здравје, покажува истражувањето на Американската психолошка фондација од 2022.

Премија на осигурување

Здравствената заштита е вообичаено најскапиот бенефит кој се нуди. Во 2022 година, годишните премии за здравствено осигурување кои ги спонзорира работодавачот изнесувале во просек 7,911 долари, при што работодавачите придонесувале со 6,584 долари, а работниците плаќале 1,327 долари, покажуваат податоците на Фондацијата на семејството Кајсер.

Таа покриеност станува се поскапа. Се повеќе компании започнале во потполност да ги покриваат трошоците за премиите.

„Зголемените трошоци за здравствена заштита и понатаму се во центарот на вниманието на сите работодавачи. Работодавачите се премногу осетливи кон пренесувањето на тоа зголемување на вработените“, рекол Роџерс.

Телездравствени услуги

Во текот на пандемијата, луѓето се навикнале на закажување кај лекарите од далечина и можностите да добијат рецепт без да излезат од дома. Оваа година ќе биде важно да се погрижите услугите на телездравство да бидат и понатаму вклучени.

„Виртуелната и оддалечената здравствена заштита е тука за да остане. Ќе мора да се развива, бидејќи недостасувала интеграција во севкупниот план на здравствена заштита. Постојат некои грижи околу квалитетот на негата“, рекол Роџерс.

Проширена дефиниција на семејното отсуство

Работодавачите би требало да очекуваат да го прошират обемот на својата политика за семејно отсуство вон родителското за да вклучат по прилагодливи опции кои можат да ги поддржат татковците, исто- половите парови, посвојувачите, хранителските семејства, бабите и дедовците кои се грижат за внуците, оние чии блиски починале и оние кои се грижат за стари и болни лица.

„Историски гледано, набљудувавме жени кои се породуваа и ја препознавме таа потреба. Но реалноста е дека сите вработени имаат потреба да се грижат за луѓето во својот живот“, рекла Витлок.

За работодавачите кои не овозможуваат некој вид на семејно отсуство, Бакеј вели дека политиката на краткорочна инвалидност е уште една опција која треба да ја разгледаат.

Можност за развој на вработените

Уште еден тренд за кој Витлок смета дека ќе продолжи да добива замав во 2023 година е нагласувањето на можностите за развој на вработените.

„Тоа е на два фронта. Тоа е учење и развој за вашата кариера, да се биде одличен во своето поле. Но постои и прилика да се помогне во развојот на луѓето. Ова е свет на меки вештини“, истакнала таа.

Вели дека работодавачите често прават грешки мислејќи дека учењето и развојот се одвоени од програмата на бенефити.

„Мислам дека губите вредност кога тие две работи ги одвојувате една од друга. Во практична смисла, тоа може да значи надомест за вработените за работи како што се континуирано образование или конференции“, заклучила таа.

Извор: BIZLife