ПравдаСветот на работникот

Амазон и Фејсбук ги затворија своите канцеларии во Сијатл

   Време за читање 1 минута

Амазон и Фејсбук ги охрабрија своите врабтени во Сијатл да останат дома откако работници во двете компании биле позитивни на корона вирусот.

Амазон претходно оваа недела откри дека еден од неговите вработени во Сијатл бил дијагностициран со вирусот. Во средата, Фејсбук рече дека еден од вработените кој работи во канцелариите во Сијатл бил позитивен на вирусот.
Фејсбук го затвори објектот, кој работникот за последен пат го посетил на 21 февруари, до крајот на неделата.
„Ги известивме нашите вработени и ги следиме советите од страна на здравствените експерти, грижејќи се за здравјето и безбедноста на нашите вработени“.
Двата технолошки гиганти ги охрабрија вработените во Сијатл да работат од дома до крајот на месецот.
Корона вирусот уби 11 луѓе во САД, најмногу во Вашингтон, а уште 100 луѓе се заразени од истиот.