ПравдаСветот на работникот

Ампева: Конфекција од Пробиштип ни денеска не исплати плата ниту за април ниту за мај

   Време за читање помалку од минута
Фејсбук статус на Кристина Ампева:
 
Ви текнува некна кога пишав дека имаме проблем со две фирми. Во едната имаше страшен мобинг, го решивме благодарение на одговорни брендови кои шијат таму.
Ама јавно денес иако чекавме и реагиравме, сепак конфекција Дама текс од Пробиштип ни денес не исплати плата ни за април а ни за мај иако вчера беше последен рок за исплата на плата за мај.
И ваквите ви се жалат дека немаат работници, немале продуктивност, им требала државна помош. Резил.
 

Ампева објави уште еден статус преку кој прашања дали и фирмата АМТ од Пробиштип доцни со исплата на платите и дополни дека потребно е УЈП да прави проверки за исплатата на платите.