- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

Ампева: Се чека толкувањето на ССМ и Организација на работодавачи за исплатата на регресот за годишен одмор

Ампева: Се чека толкувањето на ССМ - Работник
282views

Невладината организација „Гласен текстилец“ деновиве добива повици од работниците за исплатата, односно неисплатата на регресот за годишен одмор, познат како К 15.

Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ вели дека работниците од нив бараат одговори дали годинава им следи исплата на регресот за годишен одмор и кој е минималниот износ. Одговори на овие прашања и тие побарале од надлежните институции, но толкувањето и ставот за износот на исплатата на К 15 треба да се добие по преговорите и заедничкиот став на Сојузот на синдикатите и Организација на работодавачи. Но, Ампева е децидна дека општиот колективен договор не дозволува воопшто да не се исплати, колку и фирмата да била во загуба, а најпрболематично е што не се знае кој е најнискиот износ за исплата на регресот за годишен одмор.

– Од она што е важно е член од колективниот договор е нејасен, односно се вели дека доколку работодавачот има некакви финансиски потешкотии може да исплати помал регрес за годишен одмор. Додека нема кој е тој помал износ, моментално може да биде и еден денар или 100 денари, како што го имавме низ годините. Затоа на последниот состанок со трудовиот инспекторат и останатите невладини и државни институции беше побарано од страна на директорката на Државниот трудов инспекторат и испрати допис до Сојузот на синдикати, кој е потписник на општиот колективен договор, заедно со Организација на работодавачи, кои си имаат Комисија и да дадат толкување, вели Ампева.

Директорката на Државниот инспекторат за труд, Јована Тренчевска за МИА вели дека дописот до ССМ и Организација на работодавачи е веќе испратен, а откако ќе го добијат толкувањето за регресот за годишен одмор ќе го објават на нивната веб страница.

– Секоја среда имаме онлјан состоанок со синдикатот, невладините организации и држжавните институции, утре ќе ги постестам да ни го достават толкувањето, а постапувањето за исплатата за регресот за годишен одмор од наша страна е по 31 декември, до кога работодавците треба да го исплатат на работниците, вели Тренчевска.

Таа истакна дека во земјава има компании кои веќе ја вршат исплатата на регресот за годишен одмор. Податоците кои фирми исплатите К 15 ќе ги добијат од Управата за јавни приходи по 31 декември 2020 година, кога согласно законот работодавците треба да го исплатат К 15.

Претседателот на Организација на работодавачи, Ангел Димитров вели дека веќе имале состанок со синдикатот и разговарале на оваа тема, а на маса ставиле и свој предлог, за кој треба да се изјасни ССМ.

Разменивме за 2020 мислења и предлагаме оние фирми кои имаат потпишано спогодба со синдикатот да исплатат помал износ на К 15. Ако според годишната пресметка за 2020 година, ако вкупниот износ на пресметаниот К 15 за сите работници не е изнесува повеќе од 30 проценти од остварената добивка за 2020 година. Тогаш неисплатениот износ да го платат до 30 јуни 2021 година, вели Димитров.

Ампева вели дека има уште половина месец за да се исплати К-15 и ќе ја следат ситуацијата со ова право на работниците. Забележува дека текстилните работници и во време на карантинските месеци и сега се на своите работни места.