ЕкономијаМакедонијаНовости

Анализа: 100 најголеми компании по приход во 2023 година

   Време за читање 3 минути

Стоте најголеми компании по приход (без претпријатија со доминантна  државна сопственост , банки и финансиски институции) лани направиле заеднички промет од 13,4 милијарди евра, а 17,7% од целиот овој износ е благодарение на Џонсон Мети, покажува анализата што ја направи порталот Пари во соработка со Бизнис мрежа.мк за најголемите 100 компании по приход во 2023 година.

Минатата година Џонсон Мети завршил со приход од 2,38 милијарди евра. Првото место по приход веќе подолго време е зацементирано за оваа компанија. Сепак, лани приходот на компанијата бил помал за 4 насто во споредба со 2022 година, кога изнесувал 2,47 милијарди евра. Но, колку многу се високи приходите на оваа компанија покажува фактот дека ланскиот буџет на Македонија бил 4,5 милијарди евра, што значи дека Џонсон Мети направил пари колку речиси половина државна каса!

Британската компанија којашто произведува катализатори, Џонсон Мети, ја отвори својата прва фабрика во зоната Бунарџик во 2010 година.

ПРВИТЕ 5 НАЈГОЛЕМИ ИМАЛЕ ПАД НА ПРИХОДИТЕ

На листата од 100 компании има фирми од разни области. Нивниот лански приход од 14,2 милијарди евра е за 5,7 насто понизок од приходот што го направиле во 2022 година, кога изнесувал 15 милијарди евра, за што веќе пишуваше Пари.

На самиот врв кај десетте најголеми компании по приход се енергетски компании, компании за нафтени деривати, компании од зоните, нашиот фармацевтски гигант Алкалоид, и трговскиот ланец КАМ. Интересен факт е што првите 4 компании по рангирање на листата биле на истите први 4 места како и во 2022 година, но лани сите имале помал приход отколку годината пред неа. Кај останатите во првата десетка има и промени во рангирањето, а најдраматична е променатата кај фабриката за производство на автобуси Ван Хоол, која од 34. место во 2022 година скокнала на 8. во 2023 година.

Првите 10 компании заедно направиле вкупен приход од речиси 5,6 милијарди евра.

10 најголеми компании по приход во 2023 година:

Tabeli Pari 100 Prihodi 02

НАЈГОЛЕМ РАСТ НА ПРИХОДИТЕ Е ЕВИДЕНТИРАН КАЈ СОЛЕ 24

Во групата на 100 најголеми компании по приход влегле 12 компании коишто во 2022 година имале подолно рангирање. Тоа се: Магна Мирорс Саут-Ист Јуроп ДООЕЛ – Струга, Национален оператор на пазар на електрична енергија – Мемо ДООЕЛ, Соле 24, Крмзов-МР ДООЕЛ – Струмица, Гентерм – Прилеп, Киншифт – Скопје, Филип Морис Тутунски Комбинат – Прилеп, Актива ДОО Штип, Нелт СТ – Скопје, ИТХР Македонија ДООЕЛ – Скопје, ТАВ Македонија, и Адријус – Скопје.

Меѓу овие компании најголем раст на приход, од драматични 20.988.096 насто, имало Друштво за производство, трговија и услуги Соле 24 увоз-извоз ДООЕЛ – Скопје, кое од 2023 година има лиценца за трговија со гас, додека претходно се занимаваше само со трговија на електрична енергија. Соле 24 во 2022 година имала приход од само 300 евра, а во 2023 година инкасирала 62,5 милиони евра.

ЦЕЛАТА ЛИСТА НА 100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ПРИХОД ПОГЛЕДАЈТЕ ЈА ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ:

https://pari.com.mk/sto-najgolemi-kompanii-po-prihod-vo-2023-godina/