(Анкета) 22,6 % од македонските граѓани им даваат приоритет на платите, 19,9 % на меѓучовечките односи

Пандемијата насекаде низ светот ги поттикна луѓето да ги приспитаат своите „работни приоритети“, односно да ги утврдат нешатата коишто им се најважни на работното место.

Светските, а особено западните медиуми постојано пишуваат за тоа дека на работниците во западна хемисфера, најголем приоритет им даваат на платите, меѓучовечките односи и флексибилноста. Порталот Работник спроведе една кратка анкета со цел да дознаеме кои сегменти им се најмногу важни на македонските работници.

Од графикот подолу може да се види дека на прво место се платите (22,6 %), што е и очекувано поради фактот што во Македонија има релативно ниски плати кои не се доволни за да се преживее месецот. Одговорите од анкетата покажуваат дека на македонските работници важни им се и меѓучовечките односи (19,9 %). Тие подразбираат колегијална коректност и добар однос со работодавачот/шефот/менаџерот.

На трето место испитаниците го рангирале кариерното напредување (13,2 %) како еден од нивните приоритети, а потоа следуваат здрави и безбедни работни места (12,7 %), баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот (12,4 %), а на крај се дополнителните бенефити (10,8 %) кои би требало да ги овозможи работодавачот.

Најголемиот број од испитаниците се мажи (52,5 %), а 47,5 % се жени.

Според возраста, најголемиот број на испитаници се на возраст од 29 до 39 години (48 %), потоа следуваат од 40 до 50 години (27, 5 %), од 50 до 60+ (14,7 %) и најмал е бројот на испитаниците кои се на возраст од 18 до 28 години (9,8 %).

Анкетата беше спроведена на примерок од 102 испитаници.

Бобан Илијевски е главен и одговорен уредник на порталот Работник и е еден од ретките новинари во Македонија специјализирани за областа на работните односи.

Бобан Илијевски

Бобан Илијевски е главен и одговорен уредник на порталот Работник и е еден од ретките новинари во Македонија специјализирани за областа на работните односи.