Арсовска ги покачи платите во Град Скопје
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска со репрезентативниот синдикат на вработените потпиша зголемување за сите работници во градската администрација од 2800 денари, освен за оние за кои веќе имаше зголемување по основ на зголемување на минимална плата.
Со зголемувањето на платите се опфатени сите административни службеници, вработените во Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје и вработените ангажирани согласно ЗРО.
– Во насока на унапредување на правата и вреднување на трудот, се презема се што е во рамки на нашите можности, имајќи во предвид дека сакаме да мотивираме работен процес преку кој се испорачуваат ефикасни, ефективни и квалитетни услуги за граѓаните, додаде Арсовска.

