Бабите и дедовците ќе можат да земаат надоместок за чување на внуците
Кога ќе се помисли на скандинавските земји, дел од работите на кои асоцираат е развиеност и среден систем. Затоа, воопшто нема да зачуди фактот што Шведска донела законско решение со кое на бабите и дедовците им се овозможува платено родителско отсуство до три месеци додека се грижат за внуците до нивната прва година.
Примената на ова законско решение започнала во понеделникот.
Шведскиот парламент (Риксдаг) минатиот декември го одборил Законот за пренесување на родителскиот додаток, пренесува AP, пишува b92.net.
Како што пренесува српскиот медиум, ваквото законско решение е воведено 50 години откако Шведска станала првата земја во светот која вовела платено родителско отсуство за татковците.
Новиот закон предвидува родителите да имаат можност да пренесат дел од своите надоместоци за родителско отсуство на бабите и дедовците.
Со него е предвидено родителите да ги пренесат најмногу до 45 дена, додека самохраните родители до 90, соопштила шведската Агенција за социјално осигурување.
Надоместокот за родителско отсуство во Шведска се исплатува 480 дена, односно 16 месеци по дете. Истиот за 390 дена се пресметува согласно целосниот приход, додека во текот на преостанатите 90 дена се добива фиксен износ од 17 долари дневно.
Во оваа скандинавска земја родителите имаат и други бенефиции. Тие можат да работат на скратено работно време додека детето не наполни осум години. Државните службеници можат да работат на овој начин додека нивните деца не наполнат 12 години.
Македонија се’ уште нема воведно родителско отсуство за татковците. Со новиот Закон за работни односи кој се работеше од 2018 и никако не се донесе, се предвидуваше таква опција. Со оглед на ова, многу е тешко дека државата наскоро ќе оди по стапките на развиените земји и ќе воведе бенефиции кои од една страна ќе ги мотиваат младите да бидат родители, а од друга, на оние кои се родители на мали деца, ќе им олеснат при грижата за нив.
Фото: Shutterstock/De Visu