Баланс помеѓу борбата за унапредување на работничките права и создавањето услови за развој на бизнисите
Една од дискусиите кои отсекогаш се воделе на глобално ниво е: дали борбата за работнички права им припаѓа само на левичарите? Јас мислам дека не, бидејќи се водам од логиката на човечноста.
Ако работникот работи во ужасни услови, тогаш нема да биде продуктивен, а тоа е штетно за самиот работодавач бидејќи ќе има намален профит, па затоа мора да му обезбеди што е можно подобри работни услови. Секако, во работни услови влегува и износот на платата.
Сметам дека е потребен баланс помеѓу овозможувањето на добри услови за работа на бизнисите и унапредувањето на работничките права. Некои би рекле дека тоа не е е можно, но јас сметам дека е. На крајот на краиштата, работодавачите и работниците се зависни едни од други. Ако едните се отустни од равенката, тогаш ќе се затовраат фирми/ќе нема заработка. Факт е дека најголемиот дел од работниците се’ уште се во традиционален работен однос, па оттаму неминовно е да се работи на постигнување на тој баланс.
И се разбира – газдите кои ги прекршуваат работничките права треба да сносат последици. Има многу кои заслужуваат засекогаш да бидат затворени. Во едно здраво општество, тој што работи спротивно на правилата треба да биде казнет, за да послужи како пример за другите. Ова го протежирам уште од кога започнав да пишувам колумни и никогаш нема да го повлечам или сменам затоа што силно верувам во тоа. Како еден од оние кои веќе имал работа со таков газда, многу добро знам колку тоа лошо влијае на психичкото, па и физичкото здравје. Затоа како држава мора да се грижиме за работниците, без разлика на тоа дали лева или десна партија е на власт, но и да им овозможуваме на бизнисите услови кои ќе им овозможат да растат и да се развиваат.
Ставовите изразени во колумната не ги одразуваат официјалните ставови на редакцијата на порталот Работник