Барате работа после отказот? Еве 5 чекори како да дојдете до следното работно место
Компаниите ширум светот продолжиле да го намалуваат бројот на вработени. Од почетокот на годината, ширум светот отпуштени се повеќе од 57,000 вработени, наведува порталот Layoffs.
Како што се истакнува во извештајот, големите технолошки фирми примиле огромен удар, со речиси 23 фирми во индустријата кои оваа година укинувале работни места.
Само во Сингапур во 2023 година, биле отпуштени преку 14,500 луѓе, што е некаде блиску до рекордното ниво забележано во 2022 година, навела тамошната влада. Поради отказите, многу луѓе се на пазарот за нова улога.
„Транзицијата низ отказот е многу емоционално искуство“, рекол LinkedIn експертот за кариера Поја Чабрија. Лесно е да се чувствувате изгубено, па поради тоа е важно да размислите и да смислите план на игра за тоа како да одите понатаму.
Еве пет совети кои таа ги дава за тоа како да ја добиете следната работа:
Инвестирајте во заедницата
Отпуштањето доаѓа со нови предизвици. Прво, важно е да се потпрете на вашата заедница и да работите на јакнење на вашата мрежа.
„Останете во контакт со своите колеги од претходната работа“, рекла Чабрија за CNBC Make It.
Покрај тоа, таа предлага да присуствувате на настаните во индустријата и да допрете до своите контакти во компаниите во кои сакате да работите.
„Имаме случаи каде шансите на луѓето упатени од други кои работат во компанијата се четири пати поголеми да се вработат“, рекла таа.
Зголемете го вашето присуство на мрежите
Клучно е периодот во кој сте невработени да го искористите за професионален раст. Исто така, подеднакво е важно да покажете како сте пораснале, додала таа.
Чабрија предлага да ги нагласите своите вештини при ажурирањето на CV-то и професионалните профили на социјалните мрежи. Таа рекла дека 87 % од регрутерите посочиле дека им даваат приоритет на вештините кога ги проверуваат кандидатите.
Друг начин на кој можете да се истакнете е на социјалните мрежи да започнете да споделувате содржини со вашето професионално знаење, претходното работно искуство или идните аспирации во кариерата.
„Содржината навистина води кон градење на заедницата “, рекол Чабрија. „Ако зборувам за својата работа, можам да направам да допре до повеќе луѓе.“
Подгответе се за прашањето: „Зборувајте ми за себе.“
„Секогаш бидете подготвени за првото прашање кое вообичаено го поставуваат на интервју, а тоа е: ‘Зборувајте ми за себе’“, рекла Чабрија.
„Мислам дека многу луѓе го потценуваат ова прашање“, рекла таа, но „тоа прашање е вашиот став за тоа зошто сте најдобар кандидат за работата.“
Бидете подготвени да одговорите на тоа прашање. Може да ви помогне да се издвоите и да влијаете на насоката на интервјуто.
Подгответе го својот одговор така што ќе образложите за своето искуство и ќе го поврзете со причината зошто е важно за позицијата и задачите кои се пред вас, предлага Чабрија.
Таа вели дека одговорот на ова прашање ѝ помага да утврди дали кандидатот е соодветен за дадената позиција.
Бидете искрени за јазовите во кариерата
Може да биде застрашувачки да се зборува за својот јаз во кариерата по добивањето отказ.
„Прекините во кариерата се гледаат и како нешто природно за професионалците“, рекла таа. „Само бидете искрени и транспарентни во врска со тоа.“
Искреноста може да ви помогне во градењето на довербата со интервјуерот.
Покрај тоа, таа предлага да зборувате и за тоа како сте го искористиле времето во своја корист. „Било да сте инвестирале во стекнување нови вештини, посетувале неколку курсеви на LinkedIn или сте сработиле неколку хонорарни работи“, важно е да објасните како сте го поминале тоа време.
Не го критикувајте вашиот претходен шеф
Откако ќе добиете отказ, нормално е да ви доаѓа да зборувате лошо за вашиот претходен работодавач.
Меѓутоа, Чабрија предлага да ја изземете критиката од разговорот.
„Би им препорачала на луѓето да не го трошат времето на тоа“, рекла таа. „Многу луѓе добиваат откази по прв пат… Јас тоа би го оценила како позитивно.“
Извор: Blic.rs
Фото: Shutterstock