Баш сега ли најдоа да штрајкуваат? Словенечките поштари нема да испорачуваат пакети на една недела пред Црниот петок
Две недели откако љубљанските поштари престанаа да дистрибуираат огласи поради преоптоварување и неподносливи услови, според неофицијални информации, Синдикатот на поштенските работници сега одлучил да стапи во генерален штрајк. Синдикатот одлучил да штрајкува бидејќи „Пошта Словенија“ не го испочитува постигнатиот договор, а барањата за штрајк меѓу другото се однесуваат и на зголемување на бројот на вработени и награди, со што би се спречило заминување и прекумерна работа на вработените. Се очекува поштарите да штрајкуваат на 22 ноември, една недела пред Црниот петок, со кој започнува божиќната и новогодишната шопинг сезона. Како што неофицијално дознава Н1Словенија, поштарите ќе го доставуваат само она што го бара Законот.
Синдикатот е убеден дека „Пошта Словенија“ мора да инвестира пари во персонал, возила и инфраструктура за поштарите да можат да ги извршуваат двата сегмента од својата работа: оној што им го наметнува државата со закон и пазарниот. Бидејќи во моментов нема доволно вработени да ги направат и двете, според информациите на Н1, поштарите нема да доставуваат весници и огласи за време на штрајкот, ниту ќе даваат банкарски и продажни услуги.
Но ќе испорачуваат пакети полесни од десет килограми. Во пракса, тоа треба да значи дека, на пример, нема да ви достават машина за перење или фрижидер што ќе ги нарачате по некоја од специјалните цени на Црниот петок. Синдикатот на работниците во транспортот и врските размислува и за штрајк, бидејќи сметаат дека состојбата во Поштата е критична и дека времето за решение истекува.
„Пред нас е период кога повторно ќе бидеме преплавени со пакети, а поштата нема доволно вработени, а несоодветна е и организацијата на работата, на што нашиот синдикат веќе подолго време предупредува“, најави претседателката на конференцијата на Синдикатот на работниците во „Пошта Словенија“, Мајда Стубељ. Според неа, со раководството сè уште немаат постигнато заеднички именител, поради што синдикатот годинава веќе поднел низа тужби.
Фото blickwinkel / Alamy / Alamy / Profimedia
- СПМ: Испратени барања до МВР и Одделот за правни работи за преиспитување на повлекување на измените од Законот за Полиција - 19/04/2025
- Неделков: Вработените во културата испоснички го дочекуваат Христовото воскресение - 19/04/2025
- Вработените во културата во Република Македонија останаа со едно големо ништо за најголемиот христијански празник „Велигден“. - 18/04/2025