СветСиндикат

Почна штрајкот на железничарите во Шпанија: Откажани околу 320 железнички линии

Во Шпанија денеска започна 24-часовен штрајк на железничарите, организиран од синдикатите поради, како што наведуваат, непочитување на договорите постигнати во ноември 2023 година. Штрајкот предизвика сериозни нарушувања во железничкиот сообраќај.

Поради протестот, откажани се околу 320 линии на брзи возови, како и голем број товарни железнички линии.

Според уредбата за минимален обем на работа, од вкупно 360 планирани брзи и меѓуградски возови, 98 не сообраќаат. Во товарниот железнички сообраќај, од 642 планирани линии, откажани се 222.

Сообраќајот е намален на минимални 75 проценти во регионите и градовите Мадрид, Астурија, Кантабрија, Галисија, Кастиља и Леон, Севиља, Кадиз, Малага, Валенсија, Мурсија и Сарагоса.

Синдикатите најавија дека втор 24-часовен штрајк ќе се одржи на 15 јули, доколку дотогаш не биде постигнат договор со надлежните институции.

Извор: Politika.rs