- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиПравда

Бектеши: Нема да биде дозволен дочек на Новата година во казина и во обложувалници

Бектеши: Нема да биде дозволен дочек - Работник
382views

Нема да биде дозволен дочек на Новата година во казина и во обложувалници, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши откако се појавија гласини дека Новата година ќе може да се прославува во објектите за игри на среќа.

Министерот појасни дека казината и обложувалниците ќе можат да работат 24 часа, но дека кафулињата, рестораните и гостилниците ќе мора да затвораат во 18 часот. Сепак, додаде тој, и покрај тоа што казината не се ограничени со работното време, таму нема да биде дозволено да се служат пијалаци и храна по 18 часот.