- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

Бектеши: Трговците на мало ќе работат в недела, а ќе има измени за тие на големо

Бектеши: Нема да биде дозволен дочек - Работник
196views

Крешник Бектеши, министерот за економија, на денешната прес-конференција, меѓудругото рече дека со законското решение кое го подготвува Министерството за труд и социјална политика, веќе направена е анализа во секторите трговија, занаетчиство, туризам и угостителство, кои се под надлежност на неговиот ресор.

– Анализиравме како тоа ќе се одрази на Законот за трговија и тоа значи дека кај трговијата на мало нема да има промени и тие ќе работат в недела, додека кај трговијата на големо ќе има промени за кои дополнително ќе отвориме дебата со коморите, рече Бектеши.

Министерот додаде дека под трговија на големо се мисли на големите супермаркети и магацини. Вели дека за нивното неработење во неделите има неколку опции кои Министерството за економија ќе ги испратиме на разгледување во Владата.

Бектеши додаде дека за угостителите и туристичките компании мислењето е дека не треба да се направат никакви законски измени во периодот што следува и дека тие ќе продолжат да работат и в недела.