Трендот на најголема невработеност кај постарите лица продолжува и во 2022
Продолжува трендот на висока невработеност кај постарите луѓе во Македонија, покажуваат податоците на Агенцијата за вработување.
Според евиденцијата на невработени лица по возраст согласно 31 март 2022 година, лицата коишто се помеѓу 55 и 59 години бележат најголема стапка на невработеност и нивната бројка изнесува 18,244. После нив следува групата на возраст од 60 и повеќе години, каде невработеноста изнесува 16,298. Трета е групата на возраст од 50 д0 54 години, каде има 14,941 невработено лице.
Анализирајќи ги податоците, може да се забележи дека колку што се оди кон помладите групи на луѓе, толку повеќе опаѓа нивната невработеност. Кај лицата од 45 до 49 години невработеноста изнесува 14,453, кај лицата од 40 до 44 години – 12,753 и кај лицата од 30 до 34 – 12,275. Во возрасната група од 25 до 29 години има 12,115 невработени лица, од 35 до 39 – 11,809, од 20 до 24 – 10,917 и кај групата на лица од 15 до 19 – 2,102 невработени лица.
Иако доминатната невработеност отсекогаш била кај младите, сепак последните години структурата се менува, по што истата се префрла кај постарите лица. Во најголем дел, падот на невработеност кај помладите луѓе се должи на нивното иселување од Македонија.
Табеларен приказ на невработени лица според возраст:


