МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

ВИДЕО| Арсова: СОНК е должен да постапи согласно Законот за мирно решавање на работните спорови – Тоа не значи дека штрајкот е прекинат

Бобан Илијевски

Ставањето на штрајкот во мирување е законска обврска која мора да ја испочитуваме. Од таа причина јас би сакал, со помош на нашите правни застапници, да ја информираме јавноста, да ја образложиме ситуацијата, рече Неделков на денешната прес – конференција.

Адвокатката на СОНК, Верица Арсова посочи дека ги замолуваат сите чинители, а особено членството на СОНК да не потпаѓаат на спинови и дезинформации кои имаат за цел да го растревожат членството.

Имено сакам да појаснам дека изминатиот ден од страна на Министерството за труд и социјална политика е доставено известување до СОНК со кое согласно член 19 од Законот за мирно решавање на работните спорови е назначен помирувач. Иако Законот предвидува доброволно пристапување кон помирување, истиот во член 18, став 1, напоменува дека во случај на штрајк или спор во дејностите од општ интерес, страните се должни веднаш да пристапат кон мирно решавање на колективниот спор. Во став 3 од истиот член, дејностите од општ интерес се вклучително образованието и детската заштита, а во став 4 од истиот член е наведено дека за времетрање на постапката за мирно решавање на спорот, штрајкот е во мирување“, рече Арсова. 

Истакна дека тоа не значи дека штрајкот е прекинат, туку е само ставен во мирување, за времетраење од десет дена, кој рок е предвиден во член 18, став 2 во постапката за мирно решавање на колективниот спор. Согласно член 19, став 2, од Законот, објасни, Министерството за труд и социјална политика назначи арбитар кој е должен веднаш да започне со постапката за помирување.

Појасни дека СОНК во конкретниот случај е должен да постапи и постапува во согласност со Законот.

Неделков информираше и дека се формирни преговарачки групи и дека ревашањето на спорот е започнато денеска во 14 часот.

Целосната прес – конференција во продолжение:

 

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и Главен и Одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk