Останато

Бендот Revelation слави 15 години јубилеј кој ќе го одбележи во рамките на „Демирхисарско културно лето 2022“

Ковер бендот Revelation кој постои од 2007 години и свири рок- блуз, алтернативен рок и рок на 23 јули одбележува 15 години од неговото постоење, кое ќе се одржи во Домот на култура „Илинден“ во Демир Хисар.

Во прилог поканата:

Почитувани другари, пријатели, познаници, поддржувачи, соработници, фанови и љубители на добрата музика, ве покануваме во сабота (23. јули) со почеток од 20:00h во Домот на културата “Илинден” во Демир Хисар заедно да го одбележиме 15-от роденден на нашиот бенд Revelation!

Ќе биде поставена изложба на плакати, ни гостуваат “Бенд Оф” од Скопје, ќе свириме ние, DJ Micha ќе пушта музика, кафе бар Connect Demir Hisar ќе е тука за освежување на гостите, ќе има и други пријатни изненадувања.

Настанот е поддржан од Министерството за култура на РСМ и Општина Демир Хисар, а е во рамките на “Демирхисарското културно лето 2022”.

Ве очекуваме заедно да го прославиме овој јубилеј!