- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовости

Битиќи: Повисоките цени на прехрамбените производи не треба да ги загрижуваат граѓаните

Битиќи - Работник
1.72Kviews

Растот на цените пред се на прехранбените производи не треба да ги загрижува граѓаните, вели вицепремиерот за економија Фатмир Битики при денешната посета во Битола со цел увид во активностите на потпроектот „Зголемена туристичка понуда на Пелагонискиот регион преку реставрирање и адаптирање на Офицерски дом заедно со партерното уредување”.

Тој посочи дека ситуацијата е под контрола, и нема посериозни зголемувања на цените. Тој додаде и дека владата не сака да реагира со евентуални мерки за ублажување на ценовниот шок, се со цел пред избори да не биде погрешно разбрана.

Тој посочи дека направиле увид на завршените работи, посочувајќи дека сите можеме да се увериме во неговата архитектонска убавина и импозантност и да бидеме горди дека во Битола има ваков репрезентативен објект на кој многу можат да ни завидуваат.

– Оваа инвестиција е само дел од реализираните активности при Проектот за локална и регионална конкурентност кој има за цел да ги подобри туристичките потенцијали во 10 различни дестинации во земјава. Реконструкцијата на објектот и неговата околина чини вкупно 58.792.610,00 денари, од кои 52.913.349,00 денари беа обезбедени од Проектот за локална и регионална конкурентност додека Општина Битола учествуваше со 5.879.261,00 денари, информираше Битиќи.