Болницата во Лешок со последен поздрав-почина медицинската сестра Марица Божиновска

Вработените во ЈЗУ Специјализирана болница за белодробни заболувања и ТБЦ Лешок информираа дека почина Марица Божиновска, медицинска сестра во амбулантата, со стекнато високо образование, објави порталот Тетовоинфо.

„Последен поздрав до нашата почитувана и драга колешка Марица. Горди сме што беше наша колешка и соработник, беше врвен професионалец посветен на својата професија, но пред се беше човек со големо срце исполнето со љубов, добрина и почит кон сите нас“, пренесува Тетовинфо. 

Колегите наведуваат дека добрите луѓе никогаш не умираат.