Платата за живот била 52,000 денари во 2021 година, а минималната покривала само 29 % од истата
Бобан Илијевски
Единствено се зборува за минимална плата во Македонија, но време е веќе да се зборува нешто повеќе, особено во услови на криза, која започна од 2020 година, вели Претседателката на здружението за заштита на работнички права „Гласен Текстилец“ во третата епизода од Работник Подкаст.
Living wage или плата за живот концептот значи дека треба да има доволно пари за домување, за исхрана, санитарни услови или хигиена, јавен транспорт и посетување на здравствени и образовни институции. Меѓутоа Clean Clothes Campaign, целата мрежа и организациите, отишле чекор понапред и имаме предвидено и некој плус приход за итни случаи. Што значи тоа? Кога ќе ни се расипе пералната во 21 век, да не мора да подигаме кредит за една перална од 20,000 или од 10,000, туку да имаме некој денар настрана, вели Ампева.
Додаде дека парите за итни случаи би биле наменети и за операции или некакви медицински прегледи, за да не мора да се бараат пари од банки. Парите за итни случаи, вели, да бидат од нашиот труд коишто би ги оставиле настрана.
Еден работник има по три кредити, вели Ампева, давајќи пример од себе, потенцирајќи дека поради тоа е конципирана и платата за живот.
Посочи дека нивните колеги од Србија, којшто се исто така членови на Clean Clothes Campaign, далеку се пред нас – 18 здруженија и синдикати потпишале Декларација за живот.
Додека Владата на Србија најавува ново покачување од септември, а кај нас е тоа мисловна именка, организациите бараат плата за живот за да прекинат да зборуваат за синдикални кошници, коишто не овозможуваат ниту сметките да се платат, и за да престанат да зборуваат за минимална плата.
Ампева изрази надеж дека за време на „Текстилијада 6“ останатите синдикати и организации ќе се приклучат на оваа иницијатива.
Платата за живот во Македонија, истакна, во 2021 година изнесувала 52,235 денари или уделот на минималната плата изнесувал 29 %.
Еве колку изнесува платата за живот во регионот и подалеку во Европа и колкав е уделот на минималната плата. Според инфографикот, минималната плата во Турција со 34 % има најголем удел во платата за живот, а најмал во Бугарија со 20 %.


