- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Бројот на баратели на работа во Франција со скок од 8,1 отсто во 2020 година

Бројот на баратели - Работник
64views

На крајот на 2020 година, бројот на баратели на работа од категорија А во Франција изнесувал 3,574 милиони, што претставува скок од 8,1 отсто, јави дописникот на МИА.

Кризата што ја донесе Ковид-19 предизвика вистинска катаклизма на францускиот пазар на трудот, бришејќи неколку години на јасни подобрувања. Но, според последните податоци објавени од страна на Центарот за вработување, сепак, шокот од кризата е помалку посилен отколку што се стравуваше. Така, во период од една година, бројот на баратели на работа регистрирани во категоријата А во Центарот за вработување во Франција скокна за 268.500 и сега изнесува 3,574 милиони невработени. Ова претставува годишно зголемување од 8,1 отсто.

Advertisement

Кај другите три главни категории центар за невработеност (А, Б и Ц), зголемувањето е за 262.100 во текот на една година, што претставува зголемување од 4,5 отсто.

За споредба, за време на финансиската криза во 2010, бројот на баратели на работа скокна за 509.000 во категоријата А и на 657.900 во првите три категории. Според овие статистички податоци, јасно е дека системот за делумна невработеност поставен од извршната власт овозможи да се издржи ударот од епидемијата на економски план.

Advertisement
Advertisement