Важно известување на СПМ до сите припадници на МВР кои биле незаконски распоредени
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Од страна на ОЗРУЧР до сите организациски единици е доставено известување за детектирање, откривање и пријавување на сите незаконски издадени решенија за распоредување од страна на Министерот за внатрешни работи во периодот 01.01.2021 до 31.07.2024 година.
За таа цел ги повикуваме сите наши членови и вработените во МВР (сите оние кои им биле доделени незаконски решенија за распоредување спротивно на Законот за внатрешни работи и Колективниот договор на МВР) најдоцна до 16.09.2024 година истите со копија од самите решенија да ги достават и пријават до нивните непосредни раководители ( Началници на СВР, РЦ за ГР и слично) со цел проследување на истите и утврување на нивната незаконитост.
Со овој потег го охрабруваме МВР и нивното раководство, во најбрз можен рок да констатираат незаконитост како и утврдување конкретна одговорност за нанесувањето на штета на угледот и буџетот на МВР.
СПМ (кој воедно ја покрена оваа иницијатива) целосно застанува позади конечно владеење на правото во МВР и цврсто ќе се залага тоа во иднина да биде основа за постапување и никако поинаку и конечно ВРАЌАЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ ВО МВР
#враќањенапрофесионализмотвополицијата
Konfederacija na slobodni sindikati na Makedonija KSS
- Дизелот повторно поскапува - 20/06/2025
- Жена се породила во подгорички маркет: Херојството на работничката Оливера - 20/06/2025
- ТОП СЕЗОНСКИ РАБОТИ: Дневници до 80 евра - 20/06/2025