МакедонијаСиндикат

Барање за додаток на плата – домашно дежурство за раководните работници и зголемување на додатокот за сите работници во МВР

Фејсбук статус на Синдикатот на полиција во Македонија

Барање за додаток на плата – домашно дежурство за раководните работници и зголемување на додатокот за сите работници во МВР❗

До Министерот за внатрешни работи, Синдикат на Полиција во Македонија испрати барање со кое предлагаме и бараме измена на членот 100 од Колективниот договор на МВР, каде покрај не униформираниот полициски службеник кој не работи во смени, право на домашно дежурство да добијат и раководните работници во Бирото за јавна безбедност.

Причина за ова наше барање го базираме врз основа на фактот што голем број на раководни работници (Началници на сектор, единица, одделенија, командири на ПС ОН, БПС и слично) и после завршувањето со своите работни обврски, голем дел од службените работни задачи ги вршат или даваат насоки да се вршат надвор од своето работно време.

Согласно наведеното Бараме на наведената категорија на работници опфатена погоре да им се утврди додаток на плата согласно член 166 од колективниот договор на МВР односно бараме додатокот на плата за домашно дежурство за сите категории на работници на кои им следува ова право, надоместокот за домашно дежурство наместо досегашните 5% да се зголеми на 10%.