Валтер (100) во истата компанија работи 84 години: Го оборил Гинисовиот рекорд, а сега ги открива тајните на успехот
Еден човек, стар 100 години, вели дека неговата страст кон работата е единствената причина зошто успал да постави интересен светски рекорд.
Валтер Ортман успеал да постави рекоррд во најдолг работен стаж во една компанијата, со оглед на тоа дека поминал дури 84 години во истата текстилна компанија во Бразил.
Првобитно бил ангажиран како тинејџер – наместо неговата мајка – бидејќи зборувал германски, а таа не го знаела јазикот. Ортман минатиот месец „влегол“ во Гинисовата книга на рекорди, остваврувајќи ја најдолгата кариера во иста компанија.
Бил принуден да го напушти училиштетото на 15 годишна возарст, бидејќи неговото семејство се борело за да го одржи својот дом, пренесуваат медиумите. Се пријавил за работа во една фирма за ткаење, а бил примен поради тоа што течно зборувал германски.
Таа компанија сега е позната под името ReneauxView, а Ортман е вработен како помошник во транспортниот оддел на 17 јануари 1938 година. Останатото е историја…
Бразилецот потоа бил унапреден на позицијата продавач, за да подоцна стане и менаџер на продажба. Се сеќава дека во една пригода бил испратен на деловен пат во Сао Пауло, и тогаш му требало помалку од една недела да ги резервира нарачките за кои вообичаено би требало три месеци.
„Во далечната 1938 година, од децата се очекувало да работат за да го издржуваат семејството“, рекол Ортман минатииот месец и истакнал дека бил најстар од петте деца во семејството. Мајка му го однела да бара работа кога наполнил 14 години.
Неговиот совет до сите оние кои сакаат долг и исполнет професионален живот е да го работат она што го сакаат и да не консумираат брза храна.
„Морате да сакате да работите. Започнав да работам со волја и борбеност“ – рекол овој стогодишник во неодамнешното интервју за Ројтерс и додал: „Не можете да работите било каква работа за да сакате да работите. Нема да можете да издржите“.
Иако можел да се „повлече“ од работата уште пред неколку децении и понатаму е работно активен, а во 2019 година „одбележал“ 81 година и 85 дена работа.
И покрај сите промени во технологијата, успеал да научи како да се прилагоди на финесите со кои се сретнува во деловниот свет. Овој 19 април наполнил 100 години, а роденденот го прославил со семејството, пријателите и соработниците.
За да остане во форма, Ортман секојдневно вежба и води сметка за исхраната: избегнува сол и шеќер, газирани пијалаци и други сокови.
Извор:


