НовостиСветот на работникот

„ВАШИОТ ИДЕН НАЈДОБАР ВРАБОТЕН Е НЕКОЈ ОД ВАШИТЕ МОМЕНТАЛНИ РАБОТНИЦИ“

   Време за читање 8 минути

Извршниот директор на LinkedIn, Рајан Рослански, напишал авторски текст со важна порака за сите работодавачи.

Текстот ви го пренесуваме во целост:

„Кога морето било мирно, сите бродови подеднакво покажале мајсторство во пловење. Татко ми со години го чуваше овој цитат на Шекспир покрај својот службен телефон, но дури на 10-годишна возраст разбрав дека не се работи буквално за возење на чамец.

Кога го прашав татко ми за што точно станува збор, ми рече: ‘Рајан, вистинскиот карактер и успех не се дефинирани не се дефинирани со тоа како се однесуваш кога се оди како што треба, туку како се однесуваш кога не оди’.

Тој разговор ми остана врежан во памтењето и беше лекција која постојано ја преживував на почетокот од 2020 година, кога ја презедов работата на извршниот директор на LinkedIn. Во тоа време не можев ни да замислам со какви предизвици ќе се соочиме. Имав план во умот и општо чувство како мојот стил на водење ќе се пренесе на новата улога. Ни беше важно да пружиме чувство на конзистентност и стабилност, особено имајќи во предвид дека нашиот претходен извршен директор на таа функција беше повеќе од една деценија. Нема брзи и големи промени одеднаш.

Меѓутоа, како и кај многу најдобро подготвени планови, работите добија некои неочекувани пресврти кои го променија целиот мој поглед на светот.

Глобалната здравствена криза го потресла светот, прекинувајќи го работењето и принудувајќи ги градовите да се затворат. Цели сектори усвоиле хибридна и работа на далечина за неколку седници. Кризата во ланците на снабдување создала ниски грла во извозот на робата до милиони купувачи. Дури и денес, економската неизвесност е и понатаму голема и претставува голем предизвик за сите компании.

Бурни води – вработени и лидери

Технолошкиот сектор е посебно тешко погоден од овие проблеми, присилувајќи ги сите лидери внимателно да го прегледаат тимот и талентите, и во некои случаи, да донесат одлука за намалување на работната сила. Иако ова е клучно за осигурување на отпорноста на нашите компании и да можат да излезат посилни од оваа динамична средина, едноставно нема потешка одлука која треба да ја донесат лидерите.

Несомнено бевме во бурни води и водите се и понатаму бурни – но навигацијата на овие непредвидливи плими не натерала да се движиме побрзо и да смислиме нови начини за завршување на работите.

Соочувајќи се со негативните ветрови, многу компании инстиктивно играат на најмалиот заеднички именител и гледаат на промената како на цена која треба да се плати или товар кој треба да се носи. Во меѓувреме, прилагодливите лидери играат на победа. Тоа значи користење на промените како прилика за раст и не бегање од носењето на храбри одлуки, дури и кога е спротивно со она што другите го прават околу вас.

Во 2020 година, сето тоа дојде до израз, но наместо да се намалиме, видовме шанса да се извлечеме до момент, приспособувајќи се и пробувајќи нови работи. За нас тоа значеше воведување на нови функции за помош на луѓето кои останаа без работа и на кои им требаше поддршка, откривање на нов пристап кон хибридната работа каде нашите вработени се мотивирани да работат, а тоа е најдобро за нив и нивните тимови. Дури и преиспитувањето и унапредувањето на вредностите на нашата компанија за да нашата култура навистина ги изразува моменталните потреби на вработените.

Лидерите во предизвикувачки времиња

Начинот на кој се приспособувате ќе изгледа различно за секоја работа, но клучот е во тоа да прифатите дека тешки се времињата кога можете брзо да тестирате и учите. Многу од најуспешните бизнис лидери кои ги сретнав, веќе го усвоиле овој начин на размислување и воочување на шанси среде турбуленциите.

Извршниот директор на Мајкрософт, Сатја Надела неодамна ми рече: ‘лидерите не чекаат совршен терен или совршено време да настапат, морате да ја прифатите подадената рака и да се носите со ограничувањата’.

И поранешната извршна директорка на Блубери, Ангела Ахрендтс, ми даде сличен совет кога ја прашав за водењето низ предизвикувачки времиња: ‘Повеќе научив во долините отколку на планинските врвови’.

Сите ние секојдневно носиме одлуки кои никој пред нас не морал да ги носи. Иако ова може да изгледа застрашувачки, секогаш постои шанса која се крие на видикот за оние кои се подготвени да ја побараат.

Вработените со вистинските вештини на вистинските работни места

Негувањето на културата на постојано повторување и учење е нов златен стандард кој ќе го издвои вашето работење во свет во кој пореметувањето е норма. Ова е суштината на приспособиливото водство и се започнува од тоа како вработувате и ги развивате вашите тимови и со усвојување на она што јас го нареков менталитет на вистинско место. Компаниите кои се фокусираат на вештини и отстапување од застарените сигнали како што се дипломата, каде некој претходно работел, ќе можат да ги најдат вистинските луѓе со вистинските вештини, во вистинските улоги, кои најдобро ја работат својата работа. И тука процесот не застанува. Еднаш кога ќе ги имате тие вработени на вистинските работни места со вистински вештини, еднакво важно е да продолжите да вложувате во нивниот напредок во кариерата и вештините.

Во LinkedIn тоа беше вградено во нашата култура многу пред станам извршен директор. Откако нашиот ко-основач Реид Хофман за првпат го вовел концептот ‘ture od duty’ (шанса за вработените да преземат ротациски задачи кои овозможуваат пристап до нови вештини, искуства и врски), секогаш сме го прифаќале начинот на размислување за растот и сме ги охрабрувале вработените кои истражуваат различни кариерни патеки.

Најдобри вработени

Навистина верувам дека вашиот следен врвен вработен најверојатно ќе биде некој од вашите моментални вработени. А ако се фокусирате на вештините и ги разберете вештините на моменталната работна сила и каде треба да оди компанијата, постои огромна шанса да му помогнете на вашиот талентиран вработен да пронајде различни задача во вашата компанија, наместо да учи и замине.

Поточно, нашите податоци покажуваат дека по две години, вработениот кој направил интерно преселување има 75 % повеќе веројатност да остане, за разлика од 56 % веројатност за вработен кој не направил интерна промена, пишува Fortune.

Се е тоа дел од тој приспособлив начин на размислување кој моментално е потребен. Иако од татко ми научив неочекувани предности кои можат да произлезат од снаоѓањето во тешки времиња, требаше да ги преживеам како извршен директор за во потполност да сфатам што значи да се приспособиш и да ги прифатиш промените. Секој може да се снајде кога морето е мирно, но новото ниво на размислување и потенцијалот се отклучуваат кога ќе забележите немирни води како единствена шанса одново да смислите како да направите нешто.

Извор: BIZLife

Фото: Unsplash