- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

(ВИДЕО) Директорот на КПУ Затвор – Скопје наложил да престане сопирањето на чланарината на Синдикатот на затворите

КПУ Затвор - Скопје - Работник
983views

Директорот на КПУ Затвор – Скопје Филип Андов преку огласна табла наложил на Синдикатот на затворите при Синдикатот на администрација на државни управа, грански синдикат во Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, да престане да се сопира чланарината. 

Ова денеска го потврди и Претседателот на КСС на прес – конференцијата, истакнувајќи дека директорот на КПУ Затвор – Скопје од овој месец забранил да се сопира чланарината на синдикатот.

 

Од Синдикатот на затворите пак велат дека со овој чекор, директорот на затворот сака да го уништи синдикатот, бидејќи доколку се поведе дисциплинска постапка против некој од членовите, синдикатот нема да може да докаже дека станува збор за негови членови, бидејќи ќе биде сопрена чланарината.