(ВИДЕО) КСС: На утрешниот протест ќе кажеме – „Доста е, претеравте!“
Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС Благоја Ралповски на денешната прес – конференција по повод утрешниот протест истакна дека социјалниот дијалог воопшто не постои во државата, поради и што ќе се одржи утрешниот предупредувачки протест.
Протестот ќе започне од Бул. Гоце Делчев спроти МРТ и се упатуваме кон Собранието, а потоа продолжува и завршува пред Влада.
Тој посочи дека КСС добила поддршка од Меѓународната конфедерација на синдикати – ИТУК, Унијата на независни и автономни синдикати на Македонија – УНАСМ, граѓански организации, како Здружението на текстилни работници „Гласен Текстилец, како о од политичката партија Левица, од каде најавија дека членови од Трудовиот сектор ќе учествуваат на утрешниот протест.
Ралповски рече и дека за проблемите со кои се соочуваат македонските работници известени се сите релевантни меѓународни инситуции и амбасади.
Повеќе во видеото:
Бобан Илијевски

