- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

(ВИДЕО) КСС: Сите работници кои ќе работат во недела треба да земаат поголема дневница, а не само одредени

КСС - Работник
674views

Многу пати во минатото КСС укажуваше дека неработната недела е популизам на оваа власт. Кога започнавме да го работиме Законот во делот на дејностите што ќе работат во недела, беа 32 дејности, но после три месеци бројот се зголеми на 38 дејности. Под алинејата 39 се помошните дејности и под алинејата 40 ги ставија и придружните дејности. Ова кажува дека секој работодавач кој има регистрирано повеќе дејности ќе може да работи во недела, рече Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија  – КСС Благоја Ралповски на денешната прес – конференција.

„Имајќи во предвид што се случуваше во изминатиот период, Министерот за економија Бектеши на многу интересен начин се обиде да го бајпасира предлог Законот за работни односи, а тоа се обиде да го направи преку Законот за трговија, каде што преку овој специјален закон им дава можност на сите маркети и молови да работат во недела. Но, морам да признаам дека во Законот е пропишано сите што ќе работат во недела ќе имаат 100 % поголема дневница. Ние го поздравуваме овој потег, но бараме да биде исто за сите работници во Македонија, бидејќи согласно предлог Законот за неработна недела ќе дојдеме во ситуација во која некои работници ќе бидат дискриминарани, односно ќе работат во недела, но нема да бидат платени за тоа“, рече Ралповски.

Тој потенцираше дека токму поради ова побарале скапа работна недела, посочувајќи дека очигледно власта заглавувајќи се во своите намери за популизам и политички поени, се заглавила во овој закон и како што вели Ралповски, не знае да го реши. 

Ралповски посочи дека на вчерашната седница од Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и од директорката на Државниот Инспекторат за труд Јована Тренчевска, КСС побарала да се почитува Законот за безбедност и здравје при работа и Законот за пензиско и инвалидско осигурување, каде што се укажува дека секоја зараза од Ковид -19 на работно место, согласно овие закони, е повреда на работно место и секое боледување и изолација на работникот поради заразата треба да се исплаќа 100 %.  

Бевме одбиени бидејќи надлежните не знаеле кој треба тоа да го утврди, а ние ги упативме во Институтот за јавно здравје каде има епидемиолози и инфектолози, каде што можат да дознаат како да се докаже дека заразата е заболување на работното место“, истакна Ралповски. 

 

Бобан Илијевски