ВИДЕО| Лазороски: Одзивот на штрајкот денеска е уште поголем – Благодарност до родителите за нивната поддршка

Го посетивме и училиштето „Христијан Тодоровски – Карпош“, каде направивме кусо интервју со Претседателот на Регионалниот одбор на СОНК, Карпош, Витомир Лазороски.

Тој за порталот Работник рече дека вчера одзивот бил голем, а денеска е уште поголем.

Би кажал дека првиот ден од штрајкот се одвиваше според очекуваното. Одлично беше организиран, но имаше мали технички потешкотии. Имаше одредени недоразбирања кај одредени колеги и родител, но тие се расчистија, рече Лазороски. 

Во основните училишта во Карпош, Ѓорче Петров и Сарај, вработените се сто проценти во штрајк. Во некои училишта има наставници кои не штрајкуваат, но според него тоа е очекувано, бидејќи секогаш има штрајкбрејкери.

Во градинките, вели, имало поголеми притисоци од родителите и од директорите врз вработените, но станува збор за мал број на директори и додаде дека само една градинка во Општина Карпош не штрајкува, а тоа е градинката „Орце Николов“, а останатите градинки штрајкуваат.

Нормално, децата се згрижени, директорите си го направија својот дел од работата, односно организираа згрижување на децата во рамките на своите можности, истакна Лазороски. 

Вработените во средните училишта штрајкуваат, но не сите, вели Лазороски. Тие штрајкуваат со различен интензитет. Некои училишта се сто проценти во штрајк, а најславо е во гимназијата „Ѓорѓи Димтров“, каде што штрајкуваат 30 до 40 % од вработените.

Целосното кратко интервју погледенете го во прилог: