МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

Во Тетово и Прилеп штрајкот станува се помасовен

Сите членови на Регионалниот одбор на СОНК Тетово вчера биле во штрајк. Само вработените коишто се на договор на дело не штрајкувале, рече Претседателот на овој Одбор, Зоран Грковски во изјава за порталот Работник.

Зоран Грковски

 

Во градинките, деца примале само оние вработени коишто се на договор на дело, а тие се во мал број.

Тој потенцира дека денеска штрајкот е помасовен, бидејќи се приклучиле уште повеќе вработените во грдинките, основното и средното образование.

Тој рече дека поради спроведувањето на проектот Еразмус плус во училиштето „Братство“ се одвиваат минимални активности.

Грковски посочи дека членовите од тој Одбор се согласуваат со барањето платата да се зголеми за 18,4 %, иако и тоа не е доволно, но е почеток.

Златко Думбалоски, Претседател на РО на СОН Прилеп рече дека вчера сто проценти од вработените штрајкувале. Сепак и таму има вработени на договор на дело коишто се плашеле да се приклучат на штрајкот.

ОУ „Гоце Делчев“ – Прилеп

Истакна дека имало притисоци за време на викендот од страна на некои лица. Не станува збор за директорите на установите, туку за трети лица за кои засега нема информации за кого станува збор.

Думбалоски наведе дека денеска штрајкот е уште помасовен, бидејќи се приклучиле и вработени кои не штрајкувале вчера.

Инаку, СОНК бара зголемување на платите за 18,4 %, колку што порасна и минималната плата, за да може барем дел да се надомести неусогласувањето на колективните договори со растот на минималната плата

 

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и Главен и Одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk