- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникот

(ВИДЕО) Лидер: По СДСМ се обрука и Уни банка: Ги натерале своите вработени да играат на спот!

Лидер: По СДСМ се обрука и Уни банка - Работник
326views

По спотот на СДСМ од Прилеп, каде членови на партијата танцуваа на познатиот светски предизвик #JerusalemaChallenge, а кои подоцна предизвика лавини негативни коментари низ цела Македонија, на ист начин решија да се посрамотат и вработените во Уни банка

Дали го погледнавте нашето најново видео? Во него, 23 наши колеги танцуваат na познатиот светски предизвик #JerusalemaChallenge пред нашaта експозитура на Плоштад Македонија 2020 е година која ќе биде запаметена по различни работи за секој од нас. Година, која што нè натера да сфатиме што е навистина важно. Споделуваме позитивна енергија и емоции, стои во објавата на Банката.

По оваа видео , кое е поставено на социалните мрежи, следеа  низа на негативни коментари. Дали вработените ова го прават доброволно или по службена должност, која е идејата банка да ги тера вработените да го играат овој предизвик, трепнете ако е мобинг,  глупости невидени, наместо да ги услужите граѓаните вие играте, овие се платени да го одвлечат вниманието од оние во Прилеп, се дел од коментарите.

Спотот може да го погледнете на следниот ЛИНК

Извор: Лидер