МакедонијаСветот на работникотСиндикат

(Видео) Мицкоски: Време е да започне дијалогот со синдикалните организации

548views

Интегрален текст од изјава за медуими на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Денес еве со претставниците на синдикалната организација, конфедерација на слободни синдикати разговаравме за практично нивните политики кои што идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги имплементира и практикува.
Ценам дека имавме конструктивен разговор, дијалог. Од прилика дел од нивните забелешки уште во изработката на програмата се опфатени во самата содржина на програмата за дел се разбира од како ќе биде формирана владата ќе разговараме. Бидејќи тоа е динамичен процес, процес кој што трпи промени, сепак станува збор за четиригодишен период, станува збор за многу предизвици кои што ќе се испречат на тој пат. И јас ценам дека можеме навистина да ги ослободиме синдикалните организации од политичките стеги и притисоци, да ги оставиме да функционираат луѓето и да се борат за правата на работниците. Да постои оној социјален дијалог кој што изминативе нешто повеќе од три години гледаме како да практично исчезна од сцената. Да се ослободиме од стегите на политичарите за да може да бидеме по би рекол рационални и покреативни во носењето на одлуките.
Разговаравме со различните гранки кои што се дел од оваа синдикална организација. Добивме и некои конструктивни предлози за дел од тие предлози веднаш се сложивме и ќе бидат веќе артикулирани на настаните во преостанатите денови. За дел ќе треба веднаш по формирањето на новата влада.
Така што јас сум многу благодарен за можноста што можев во прво лице да зборувам вака директно со претставниците на оваа синдикална организација. За мене претставува навистина голема чест и привилегија да можам да зборувам со овие луѓе, бидејќи овие луѓе се борци за правата на нивните сомисленици, би рекол на работничките права.