Наука

(Видео) НАСА произведе ѓердан кој ве предупредува да не си го допирате лицето

198views

Американската вселенска агенција НАСА објави инструкции за производство на ѓердан со помош на 3Д принтер кој ги спречува луѓето да си го допираат лицето.

За да ги потсетат луѓето да не се допираат никаде на лицето, тројца инженери од лабораторијата на НАСА го дизајнирале „Пулс“, ѓердан со сензор за близина кој има вибрирачки мотор. Тој мотор се активира која ќе да приближи раката до главата. Колку што се поблиску прстите до главата, вибрациите стануваа интензивни.

Целта е да се минимизира ширењeто на корона. Целта а Pulse е да се минимизира ширењето на корона вирусот, кој може да се пренесе и од нечисти кваки на очите, устата и носот – велат од НАСА.

Сите заинтересирани може да ја преземат листата со сите потребни делови, „CAD“ дизајнот за печатење со помош на 3Д принтер и упатствата.

Сепак, од НАСА потенцираат дека не го дизајнирале „Пулс“ за да ги замени маските, туку да се користи во комбинација со останатите мерки на заштита од корона вирусот.

Извор: Лидер