МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

(Видео) Ралповски: Компанијата „ТАВ“ наместо законските 70 %, на работниците им исплаќала 50% платено отсуство

Компанијата „ТАВ“ -Работник
814views

Компанијата „ТАВ“ која ги пратила своите вработени на принуден одмор им плаќа 50 процнети од платата, а, според Законот за работни односи на работниците треба да им се исплатат 70 проценти, рече Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС, Благоја Ралповски во вчерашната емисија „Што не е јасно“ на Алфа телевизија. Тој додаде дека од тамошните вработени стигнуваат многу реакции во однос на оваа постапка.

Тој побара да се почитуваат законите и колективните договори и на работниците кои се на принуден одмор да им се исплаќаат платите, како што е во нив одредено.

На прашањето каква е ситуацијата во јавниот сектор, во однос на тоа што поголемиот дел на вработените се дома, Ралповски вели дека поголемиот дел од нив се на работа, бидејќи јавниот сектор ги опфаќа и здравствените работници, полицијата и армијата.

„Често се забораваат да се напоменат и другите коишто се на првата линија на ударот, како судската и затворската полиција, инспекторите коишто се постојано на терен и шалтерските работници кои секојдневно се изложени на ризик“.

Според него, тие како синдикат предлагаат да се направат дежурни тимови во јавната администрација, за да можат вработените кои во овој момент се непотребни да не бидат на работа и на тој начин да не бидат изложени на ризикот којшто не демне секој ден и на тој начин ќе се намали и бројот на заразени.

Во однос на предложената мерка од страна на Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за намалување на платите на ниво на минималната плата, Ралсповски рече дека тие како синдикат не се согласуваат, поради тоа што многу луѓе ќе дојдат на работ на егзистенција.

Тој додаде и дека има многу примери во јавниот сектор каде што е вработен само еден член на семејството и дека само од него зависи егзистенцијата на семејството и дека има вработени и самохрани родители кои со плата од 14,500 денари не би можеле да опстанат. Ралповски посочи и дека има случаи каде блиски на нивните членови во јавниот сектор кој работат во приватниот сектор биле отпуштани.

 

Бобан Илијевски