(Видео) СОНК: Времето истекува!
Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Р. Македонија ги повикува надлежните органи во државата да преземат итни и неодложни чекори во однос на зголемување на платите на вработените во високото образование и науката. Со големо разочарување констатираме дека, до денешниов ден, договореното зголемување на платите во овие дејности не е исполнето. Во изминатиот месец и половина бесцелно ( или со цел, можеби) се потроши времето пласирајќи ја тезата од страна на министерството дека нема законска основа за реализација на договорот. Секако, не се согласуваме со таа теза, што се потврдува и со обидот за измена и дополнување на законот за плати.
Ние, како Синдикат кој се договорил за зголемување на платите во високото образование и науката, бараме одговорен однос од социјалниот партнер, во случајов МОН и бараме итно решавање на проблемот. Дали ќе биде тоа со потпишување на грански колективен договор или со промена на законско решение, одлука треба да се донесе веднаш. Песочниот часовник истекува, време повеќе нема.
Во спротивно, одговорноста за нереализирање на договорот ќе биде исклучиво на власта и незадоволството на повеќе од 4500 семејства ќе биде насочено кон неа, објавија од СОНК на нивната фејсбук страна.
- Независниот синдикат на полицијата денеска излегува на протест, бараат да се почитува Законот за минимална плата - 12/05/2025
- Швајцарската компанија „Ронтис“ ќе инвестира во Македонија – ќе вработи 500 лица - 12/05/2025
- СПМ зеде учество во панихидата по повод десетгодишнината од настаните во Диво Насеље - 09/05/2025