- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

(ВИДЕО) СПМ: Поднесена кривична пријава против 4 началници на Сектори за внатрешни работи

СПМ - Работник
522views

 Почитувани претставници на медиумите,

Како што веќе и претходно сте запознаени, Синдикат на Полиција во Македонија на неколку претходни прес конференции изјавуваше дека конечно е дојдено времето на една поинаква одговорност. Имено во минатото, секоја злоупотреба на одредена категорија на раководители во МВР и покрај  тоа што очигледно беше дека штетата е предизвикана токму од нив, и покрај се на крајот со сите изгубени судски правосилни случаи штетата ја плаќаше единствено Министерството за внатрешни работи? Овој проблем се наталожува десетици и десетици години и ниту Министерството ниту примарната служба чие основно занимање и е токму пронаоѓање на конкретна одговорност кај група вработени се мисли на внатрешната контрола остануваа неми на ова прашање.

 

Затоа денес како Синдикат ќе кажеме дека е доста со наведеното и конечно е дојдено време во Министерството да постои и утврдување на индивидуална одговорност за сите злоупотреби кои ги правеле одредена категорија на раководители сега и во иднина.

За таа цел денес како Синдикат до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесуваме 1 кривична пријава против неколку раководители во МВР за сторени кривични дела и тоа „Повреда на правото од работен однос“ по член 166 ст.1 од КЗ и кривично дело  “Злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од КЗ.

Станува збор за актуелните началници на секторите за внатрешни работи во Струмица, Битола и Куманово како и против пред 1 месец разрешениот началник на СВР Велес. Пријава е поднесена и против други раководители во склоп на наведените СВР каде истите се непосредни раководители на оштетените работници опфатени со кривичното дело кое им се става на товар на сторителите.

Сите пријавени  во временскиот период од 2019,2020 и 2021 година со неизвршување на службената должност која биле должни да ја извршуваат, односно свесно не се придржувале кон член 23 од Правилникот за заштита при работа на работниците во Министерството за внатрешни работи каде е наведено ,,Заради отстранување на штетните последици предизвикани од посебните услови на работа се доделува зајакната исхрана за секој работен ден од 1/2 литар млеко или јогурт (по желба) на работниците кои работат на одредени работни  места во Министерството.

Пријавените лица, кривичното дело го вршеле – тоа го правеле на начин што не набавувале, не барале на писмено преку службени акти и со тоа не им овозможиле на работниците во ОКТУПА и Полициски станици за БПС и Полициски одделенија за БПС зајакната исхрана за секој работен ден од 1/2 литар млеко или јогурт со што е направена повреда на правото која на работниците им припаѓа согласно со Правилникот, при што свесно влијаеле да им биде загрозено и здравјето на  вработените.

Она што треба јавноста да го знае како и вработените е тоа што Работодавецот- Министерството за внатрешни работи за предметните 2019, 2020 и 2021 година , секоја година склучувало Рамковна спогодба за јавна набавка на стоки – млеко и млечни производи баш по овој основ.

На самиот крај дозволете да ги запознам сите вработени дека наведениот правилник за заштита при работа е потпишан од Министерот за внатрешни работи и Македонскиот полициски синдикат и тој ист синдикат согласно одредбите од Колективниот договор на МВР има определено свој претставник на работниците околу проблематиката за безбедност и здравје при работа. Зошто и од кои причини овој претставник кој не знаеме кој е не реагирал и не преземал со години никакви мерки тоа им го оставам да го проценат самите вработени. Благодарам!